Талески за проблемот со водоснабдувањето

0
259

-Го имам овластено директорот на ЈП Водовод да биде посредник на терен и будно да ја следи состојбата. Системот е под ЈП Стрежево, а претпријатието не е под локалната самоуправа. Тој треба да им пренесе на одговорните дека приоритет број еден е снабдувањето со вода на граѓаните во Општина Битола, бидејќи без тој приоритет се што прават ќе не доведе до непријатна ситуација. Разговарав со директорот на Водовод, се работи на санација. Од есеноска имаме појава на свлечишта кои со поплавите се умножија. Да се надеваме дека она што било пропуштено, сега ќе се компензира, да нема проблеми со водоснабдувањето во општината, градот и околните села кои ја користат водата од системот. Второ не смее да се стопира работата на РЕК Битола, а најбитно е земјоделците да наводнуваат во овој сушен период. Се надевам дека луѓето кои се одговорни за таа работа, многу коректно и совесно ќе си ја завршат работата, во најбрз можен рок, да се надеваме дека нема да има ескалација, изјави денес д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.