Талески за стратегијата за бегалците

0
2224

– Не можам а да не го коментирам она што како службен документ го добив а тоа е практично акцискиот план за интеграција на бегалци и странци а во една друга графа и мигранти кои што треба да дојдат во Општина Битола, знаете дека и Советот на Општина Битола веќе донесе една таква одлука и мислам дека тука треба не двосмислено, сите да сме единствени без разлика во одредени сегменти колку се разликуваме, но мислам дека тоа ќе направи голема штета на Општина Битола затоа што тенденцијата која што ја видов во документот не е така наивна, таму се бараат и некои комисии, комитети кои предвидуваат тела мешани, практично некои групи од мигрантите и населението за интегрирање на истите во нашата општина. Сега гледам зошто се толку битни и локалните избори за СДСМ тие бараат градоначалник и Совет да изберат послужници со кои што ќе ја спроведат агендата на сегашната влада на РМ, акцискиот план е 2017-2027 со кои што тие 10 години овде ќе населуваат население за кое што никој не го праша нашиот народ. Значи јас сакам во оваа прилика и како градоначалник и како човек кој што живее тука да го искажам своето мислење, мене и вас никој не не прашал за таква работа и мислам дека треба цврсто да застаниме, тоа да не го дозволиме затоа што гледаме што се случува во државите, општините и градовите каде што дел од овие групи живеат и опстојуваат,мислам дека тоа не ни треба и дека тоа ќе биде една од најголемите силни удари многу поголема од онаа што беше пред 20 години се викаше ТАТ тоа беше голема атомска бомба, и мислам дека граѓаните треба максимално да реагираат да си го кажат својот став, изјави д-р Владимит Талески Градоначалник на Општина Битола

Без коментари