Талески за втората смена во градинките

0
1411

Советот на општина Битола уште во 2006 година донесе одлука да градинките работат и втора смена, и да работат во сабота. Тоа се однесува на градинката „Естреја Овадија Мара“. Се разбира не работат сите објекти, работат само оние каде што има потреба. Во другата градинка не се пријавија родители за згрижување на деца во втора смена, и затоа не работи. Општина Битола уште многу порано најде начин да го реши ова и да ги згрижи децата, и тоа не само првата сабота како што е сега, туку секоја сабота, ако има потреба за згрижување на деца, изјави д-р Владимир Талески градоначалник на Битола.

Без коментари