Талевски за реконструкцијата на патот

0
256

Започна да се реконструира патот од кај бензиската Лукоил до Макази. Иако беше најавено реконструкцијата да започне кон средината од јули, но како што информираа од општина Ресен поради годишните одмори со реконструкција се започна во септември. Градоначалникот Талевски смета дека оваа реконструкција на делницата е за добробит на сите граѓани

– Практично во оваа реконструкција се работи во две фази, едната фаза е Битола-Макази, а втората е Ресен- Буково. Ова е значајно за сите граѓани бидејќи во иднина ќе можат да возат по добар пат, изјави д-р Владимир Талевски градоначалник на општина Битола

Изведувач на реконструкцијата на патот А3 делница Битола-Макази е АД Гранит

– Со какво темпо ќе се одвива реконструкцијата најдобро знаат од надлежното министерство или пак од Агенцијата за патишта, додаде Талевски

Делницата за сообраќај ќе биде затворена до 30 ноември, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат Битола-Ресен .