Талески не е задоволен од резултатите на ФК Пелистер

0
907

-Општина Битола дава максимални услови за спортот во Битола. За жал не сите клубови, не сите управи се на нивото на условите кои ги даваме. Нашата работа е финансиски да ги поддржиме . Општина Битола најмногу дава финансиски средства за спортот во Битола по глава на жител од било која друга општина во Македонија. Општина Битола дава 8 милиони денари секоја година за РК Пелистер, исто толку 8 милиони денари општината дава и за ФК Пелистер, иако друг е доминантен сопственик. Општина Битола не може да се занимава со спортскиот дел, со стратегиите и со нивните тактики. И јас не сум задоволен од резултатот на ФК Пелистер, но се надевам дека ќе најдат начин за да имаме подобар фудбал во градот.Што се однесува до стадионот, постапката се финализира. За скоро ќе распишеме тендер за изградба на северна трибина за стадионот во вредност од 3 милиони евра. Постапката ќе се заврши и во текот на оваа градежна сезона ќе бидеме сведоци на изградбата на северната трибина . Еден проект има и ФФМ кој што се однесува на тревната површина , осветлување на стадионот итн. Ако биде се во ред со тендерската постапка, од на есен таму ќе биде видлив објектот, изјави Владимир Талески градоначалник на Битола