Талибанци тврдат дека собориле хеликоптер на САД

0
358

Авганистански талибанци објавија на социјалните мрежи дека собориле американски хеликоптер на југот во земјата, со тврдење дека сите војници на САД кои биле во леталото „загинале на местото на настанот“.

Инцидентот наводно се случил во областа Шавал Манда во провинцијата Хелманд, најголема во Авганистан, пренесуваат „РТ“ и „Дејли стар“.

Весникот со седиште во Кабул, на својата Фејсбук страна „Ватан преса“, објави и фотографија за која се тврди дека го прикажува соборениот хеликоптер.

Без коментари

LEAVE A REPLY