Талибанците ја потврдија смртта на Мула Омар

0
334

Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид ја потврди смртта на талибанскиот лидер Мула Мохамед Омар, во соопштение кое беше испратено за медиумите. Во него се вели дека „за време на 14 години џихад против САД, Мула Омар никогаш не го напуштил Авганистан, ниту да оди во Пакистан или во било која друга земја. Портпаролот на авганистанскиот Национален директорат за безбедност Абдул Хасиб Седики, за Радио Слободна Европа изјави дека Мула Омар умрел во болница во пакистанскиот град Карачи во април 2013 година, каде што бил третиран за неодредена болест. Во изјавата не се прецизира кога точно Мула Омар починал.

Како челник на талибанскиот режим, мулата Омар дефакто беше претседател на Авганистан во периодот од 1996 до 2001 година, а почна да се крие по американската инвазија со која беше соборен. Мула Омар ги водеше талибаните во победата над ривалските авганистански милиции во граѓанската војна којашто избувна по повлекувањето на советските војски од земјата.

Неговиот сојуз со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, односно нејзиниот основач и идеолог убиениот во Пакистан Осама бин Ладен, се смета за главната причина за американската инвазија во 2001 година, по терористичките напади врз САД од 11-ти септември таа година. Оттогаш Омар постојано успешно се криеше, а Вашингтон објави награда за информации во врска со него од десет милиони долари.

Без коментари

LEAVE A REPLY