Таму каде што ИД колеа!- руски оркестар одржа концерт среде античка Палмира

0
497

До пред неколку недели овде уште владееше варварство. Терористичката милиција Исламска држава го користеше Амфитеатарот во Палмира како кулиса за својата пропаганда: фотографиите на грозомирни егзекуции го обиколуваа светот.

На крајот на март сириските трупи ја презедоа Палмира од рацете на ИД, со масивна воена помош од Русите. Оттогаш руските специјални единици помагаат во деминирањето во градот.

Симфонскиот концерт е знак на благодарност за сите кои се бореа против тероризмот, ризикувајќи го својот живот, рече рускиот претседател Владимир Путин.

И овој настап во Палмира може да се посматра како пропаганда, овојпат од руска страна. Зашто, долета Оркестарот на Санкт Петербуршкиот театар Марински. А концертот го диригираше човек од доверба на Путин: Валери Гергијев, главен диригент на Минхенската филхармонија.