Танго операта Марија од Буенос Аирес пред битолската публика

0
248

Во рамките на битолското културно лето ќе биде изведена танго операта Mарија од Bуенос Aирес на Aстор Пијацола а по либрето на Хорацио Ферер.Ова е еден вид на продолжување на традицијата за враќање на сцена на битолската опера.

44 луѓе се вкупно вклучени во целиот проект, кој е во режија на Благојче Божиновски.
Главните улоги ги играат Марина Коруновска, Нико Ѓоргиевски, Денис Алитовски, Валентина Грамосли и Кристина Трајановска.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски а соработник по сценски движења е Анжела Топчиј.
Премиерата ќе се одржи во Центарот за култура на 10-ти јули, со почеток од 20 часот и 30 минути.
Неда Маретиќ