Тапија за Копанки за ПСК Пелисер

0
118

Тапија за Планинарскиот дом Копанки денеска градоначалникот Владимир Талески му ја даде на претседателот на ПСК Пелистер. Веќе со реконструкција на ојектот ќе се започне ова градежна сезона по завршувањето на проектот, а градоначалникот се надева дека комплетно целата работа ќе се заврши до наредната година. Планинарскиот дом Копанки изгоре во пожар на 28 јануари 2013 година. Домот беше изграден 1938 година, а, реновиран помеѓу 1960-70 година од многу битолски планинари. Тој претставуваше еден од симболите на Пелистер.
Парцелата каде што се наоѓаше планинарскиот дом „Копанки” во Националниот парк Пелистер, по година и половина откако беше опожарен и оштетен објектот, ќе може да се урбанизира.