Таравари до ВМРО-ДПМНЕ: Смирете се, ако не, одете на психијатар

0
1128

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска од Америка им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека доколку не се смират и не престанат да шират паника за инфекцијата во Гостивар, да се јават кај специјалисти психијатри.

„Одлучив да  одговорам на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за моја оставка, не поради тоа, туку затоа што сфатив дека не ја сфатиле како што треба ситуацијата. Сите членови на оваа партија најпрво јас ги гледам како граѓани и имам должност да ги смирам во случај кога ќе има паника. Сите жители на Република Македонија разбраа, фала му на Господ, сѐ е под контрола. Граѓаните се паметни па затоа одлучија да ѝ веруваат на изјавата од цела армија на лекари. Не знам што ве тера вас да не се смирите! Повторувам со професионална и морална одговорност дека тажниот случај на двата изгубени животи во Гостивар, беше резултат на една акутна инфекција, но за среќа успеавме да изолираме и не само што 7-те инфектирани пациенти се надвор од животна опасност, дури и самата епидемија нема ризик да се активира на пандемично ниво.

Ова е последен пат да ја давам оваа изјава, но  во случај, меѓу членовите на оваа партија да има уште исплашени, тогаш треба веднаш да се јавите кај специјалисти психијатри, бидејќи сум оптимист дека ќе најдете решение“, напиша Таравари.

Тој додаде дека кога степенот на паника е висок, ја заматува логиката, го зголемува хипохондризмот, причинува тешко диење и е потенцијален ризик за губење на контрола.

„Ако овие лица, поради некоја причина се наоѓаат во вакви околности, не треба да се чувствуваат депресивни или безнадежни, бидејќи лекарите специјалисти би ви помогнале многу“, им порача министерот за здравство на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

mkd.mk

Без коментари