Театарот потребно е да е различен

0
292

 

 

Меѓународната порака по повод светскиот ден на театарот на познатиот руски режисер Анатолиј Василиев , во Битола ја прочита актерката Валентина Грамосли.

-Театар имало и секогаш ќе има-е дел од пораката.

Традиционално овој ден се одбележува на 27 -ми март во театрите ширум светот, а во народниот театар Битола, се одбележа со претставата Елка кај Иванови во режија на Звезда Ангеловска.

Помеѓу присутните беше и градоначалникот д-р. Владимир Талески кој беше воодушевен од претставата и воедно на сите актери и театарски работници им посака многу премиери, многу театарски креации и многу уметност.

Директорот на битолскиот театар Валентин Светозарев истакна дека светската порака оваа година сама по себе претставува театарска претстава.

Уметничкиот директор Благој Мицевски истакна- Театарот ја враќа вербата во иднината.

Тој опстојува во секакви услови.

После претставата светскиот ден на театарот, театарските уметници го прославија заедно со Боемите.

После премиерата на претставата Кралски игри во режија на Љупчо Ѓоргиевски, во битолскиот театар се работи на Сонетите на Шекспир во режија на Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски , а освен нив и уметничкиот директор Мицевски работи на нова претстава.

Оваа година битолскиот театар го очекуваат уште неколку гостувања во Израел, САД. и многу други места.

Годинава пораката од Макeдонија по повод светскиот ден на театарот ја упати режисерот Бранко Ставрев кој беше прогласена за театарски уметник на годината.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY