Театарот Вера Комисаржевскаја со Опасни врски гостуваше во Битола

0
248

Битолската публика во прекрасниот амбиент на домот на АРМ. имаше можност да ја погледне изведбата на театарската претстава „Опасни врски“ на Шодерло де Лакло, во изведба на театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург, а во режија на нашиот Дејан Пројковски.
Поставката на „Опасни врски“ е добитник на наградата за најдобра претстава и најдобра режија на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ во Црна Гора.
Претставата зборува за сложените односи помеѓу мажите и жените, за вечната борба помеѓу двата пола, ликовите се во постојана потрага по љубовта, постои ли таа, како да ја препознаеме, како да ја задржиме.
Претставата Опасни врски, донесе една нова сосема поинаква естетика во театарот Вера Комисаржевскаја, приказна за Валмонт и Мертеј, за двајца луѓе кои поради минатото не можат да ја живеат сегашноста.
Претставата после Битола, беше изведена на сцената на предворјето на „Света Софија“,како дел од јубилејното 55- то издание на фестивалот Охридско лето.