Тече акцијата за чистење на коритото на Црна

0
399

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска соопшти дека во првите 10 дена од реализација на акцискиот план за превентивно чистење на коритото на реката Црна санирани се 8 од 12 преоди низ кои протекувала и истекувала реката Црна. Ако дозволат временските услови санацијата на разрушените насипи треба да заврши за една седмица. Планирано е да бидат исчистени 30 километри од коритотона Црна Река, а ќе бидат санирани и пропустите на Елешка Река , рече меѓудругото градоначалникот Котевски.