Тед Круз и Берни Сандерс победија на првичните избори во Висконсин

0
271

Претендентите за освојување на републиканската и на демократската кандидатура за претседател на САД, Тед Круз и Берни Сандерс победија на вчерашните партиски прелиминарни избори во американската сојузна држава Висконсин.

Републиканецот Тед Круз изјави дека неговата победа на првичите избори во Висконсин со освоени 49 проценти од гласовите, наспроти 34-те отсто за Доланд Трамп, покажува дека Републиканската партија почнува да се обединува околу него.
Сепак тој призна дека е реална можноста битката за партиската претседателска кандидатура да продолжи дури до Националната конвенција во јули.
– Оваа вечер беше пресвртната точка. Или пред Кливленд или на самата Конвенција во Кливленд, ние заедно ќе освоиме мнозинство од делегатите и заедно ќе ја победиме Хилари Клинтон во ноември. Ќе победиме бидејќи ја сплотуваме Републиканската партија, изјави тој синоќа пред неговите приврзаници во Милвоки.
Конзервативниот сенатор од Тексас беше во Висконсин доби поддршка од гувернерот на сојузната држава, републиканецот Скот Вокер, кој се откажа од сопствените претседателски амбиции во септември, а му помогна и ударната кампања со рекламни спотови финансирани од Супер-ПАЦС, независни спонзори, поддржани од водечки партиски фигури, кои стравуваат дека Трамп ќе ги доведе републиканците до катастрофален пораз во ноември.