Тековно одвивање на сообраќајот

0
190

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ со репорака до возачите да ја почитуваат поставената сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно условите кои владеат на патот.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.