Телата изгорени до непрепознавање

0
693

Авион на Пакистан интернешнел ерлајнз (ПИА) со 48 луѓе се урна вчера на пат од Читрал кон Исламабад. Авионот паднал во селото Садха Батолини во близина на Хавелиан, околу 75 километри северозападно од Исламабад.

Во соопштението од авиокомпанијата, ПИА потврдува дека во авионот АТР-42 имало 48 лица, вклучувајќи 42 патници и пет члена на екипажот и еден инженер.

„Спасувачките напори се во тек“, рече на авиокомпанијата. „ПИА прави сè што е можно за да им помогне на семејствата на патниците и на членовите на екипажот да добијат информации од прва рака во врска со инцидентот и штетата.“

На местото се испратени војници и армиски хеликоптер, јави Радио Пакистан.

Сè уште не е познато што го предизвикало уривањето, а првичните информации укажуваат на проблеми со моторот. Најдена е црната кутија на авионот, па властите се надеваат дека податоците од неа ќе откријат што се случило.

„Сите тела се изгорени до степен на непрепознавање. Остатоците се расфрлани“, рече владин претставник за Ројтерс, кој истакна дека авионот се запалил пред да удри во земја.

Без коментари

LEAVE A REPLY