Телефони за донации за Тетово

0
7286

Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од завчерашното невреме.
За граѓаните од Битола кои сакаат да донираат, помошта може да се предаде и во магацините на Црвениот крст Битола.
Од Црвениот крст на РМ информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефонските броеви: 075/070/077 143-400.FOND
Досега Црвениот крст дистрибуираше помош, 100 пакети храна, 200 средства за хигиена, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1.260 литри вода за пиење. Во текот на денов дополнително ќе бидат дистрибуирани и 15 тони вода за пиење.
Инаку, како последица од обилните врнежи во тетовскиот регион по повлекувањаето на водата останаа наноси од кал и делови од откорнати дрва на локалните патни правци.
Се работи на расчистување на сообраќајниците за да се обезбеди непречено движење. Патниот правец кон село Шипковица е пробиен сега се работи на негово проширување. Механизација ангажирана од дирекцијата за заштита и спасување работи на расчистување на локалниот патен правец помеѓу с. Селце и с. Вејце. Тетово – Јажинце, се работи на пробивање на магистралниот пат меѓу Порој, Џепчиште и Доброште, а се чисти и коритото на Поројска река.