Телевизиите пред интернетот за информирање

0
282

Македонските граѓани не користат само еден извор на информации, туку најчесто се информираат преку телевизијата и интернетот, покажуваат резултатите од истражувањето што во ноември – декември минатата година беше спроведено по барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Телевизијата останува најзначаен медиум за информирање – 74,9% од граѓаните за домашните и странските настани секојдневно се информираат од телевизијата.  Втор најчест извор за информирање е интернетот.

3
84,3% од македонските домаќинства ги користеле услугите на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, а само 7,5% ги примале само домашните телевизии со слободен пристап.
Телевизијата го задржува водството над останатите медиуми во однос на информирањето на граѓаните. Речиси 75% од граѓаните, секој ден или речиси секој ден за домашни и странски настани се информирале од телевизијата, а 11,8% неколку пати во неделата. На второто место е интернетот со 48,1%, а трет избор на граѓаните се печатените медиуми со 12,1%. Радиото е медиум којшто најмал дел од граѓаните го користат за да се информитаат.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека публиката не користи само еден извор за информирање, туку комбинација од повеќе од нив (најчесто телевизија и интернет).
Односот помеѓу бројот на публиката којашто секојдневно се информира од телевизијата е обратно пропорционален со степенот на образование, односно со зголемување на степенот на образование на испитаниците се намалува учеството на оние коишто коишто се информираат од телевизијата. Состојбата е обратна кај испитаниците коишто се информираат од интернет и од печатени медиуми. Од друга страна пак, со зголемување на возраста се зголемува и учеството на испитаниците коишто секојдневно или речиси секој ден се информираат од телевизијата: 51% од испитаниците на возраст помеѓу 15 и 25 години, 52% од оние на возраст помеѓу 26 и 35 година, 71% од оние на возраст помеѓу 36 и 45 години, 86% од оние на возраст од 56 и 54 години и дури 90% од испитаниците над 65 години.

4
Најчест избор од понудените програмски содржини на македонската публика биле вестите и информативната програма. Запрашани да ги рангираат во најмногу четири категории програмските содржини што најчесто ги гледаат на телевизија, 46,5% во прв ранг ги одбрале вестите и информативната програма, а зад нив играните серии (12,5%), спортските содржини (9,8%) и забавните емисии (5,2%).Програмски содржини за коишто најголем дел од испитаниците сметале дека не се доволно застапени биле културната и образовната програма, програмите за деца и цртаните филмови, документарните емисии и играните филмови.