Телевизија без граници

0
381

Тера телевизија после воспоставената соработка со водечкиот ТВ канал во Истанбул Тек Румели со кој реализираше бројни проекти и хуманитарни активности, деновиве со најава на нова соработка, овој пат со водечката регионална ТВ станица од Романија ГТВ.

За Тера Телевизија оваа година започна, но и привршува во знакот на интензивната меѓународна соработка. Деновиве потпишан билатерален договор за соработка помеѓу нашата ТВ и телевизијата од Романија.

Сопственикот на овој популарен романски ТВ канал по посетатата на Битола и ТВ Тера покажа интерес за соработка уште во следниот месец. Со Романците планирани се неколку заеднички проекти од областа на културата, но и размена на програма и искуства во двете насоки.

potpis1

„ Се надевам дека идната соработка што ја започнавме денес, која што се состои од размена на материјали и аудиовизуелни дела производство на двете страни и пренесено во двете земји, ќе има успех како за нас така и за гледачите“ вели Космин Гаџиу сопственик на Телевизијата ГТВ.

Овој ТВ канал на романската јавност и е познат како медиум кој создава и промовира продукција од областа на културата, тоа е главниот фокус на нивната работа. Член на романсјата ТВ делегација беше и истакнатиот поет и есеист….. Поранешен визитинг професор на катедрата за романски јазик на укло, и на неколку други балкански универзитети. Тој преку своите искуства од областа на поезијата и издаваштвото гледа потенцијал во ваква ТВ соработка.

potpis 5

„ Голема радост e што денес сум тука, во Битола, град кој што го сметам за многу живописен од гледна точка на архитектурата, но и културaта затоа што забележав дека овдешните луѓе имаат западно однесување. Овој е еден прекрасен град и убеден сум дека повторно и со најголемо задоволство ќе се вратам тука, во Битола. Исто така сум и поет. Повеќе пати сум учествувал на Струшките вечери на поезијата, очигледно најголемиот и најдолготрајниот светски поетски фестивал. Многу добро ја познавам македонската поезија и литература. Имав добри односи со Борис Вишински – најпреведуваниот македонски романсиер во светот. Имате извондредна поезија и поети како: Матеја Матевски, Анте Поповски, Раде Силјан кои што се и европски поети и вашата поезијата продолжува да биде пасош кој што ве прославува како народ во светот и е мост кој што го пврзува народи, затоа што само со поезија ќе го надминеме овој тежок период. Светот поминува низ конфликти, тензии и насилства, тука се и мигрантите… Можеби поезијата е единствениот лек против самотијата.
За мене е голема привилегија да сум тука, во престижната битолска телевизија ТЕРА, заедно со сопственикот на многу познатата телевизијата ГТВ од Крајова во Романија, Космин Гаџиу. Се потпиша договор за соработка и убеден сум дека во блиска иднина овие две телевизии ќе имаат реципроцитет на културни програми кои што ќе не зближат, ќе си ги запознаеме традициите, културата и сите религиски настани што се случуваат“ вели Јон Деаконеску, професор на Универзитетот во Крајова.

04 gtv

Меморандумот за соработка потпишан, наскоро очекувајте интересни соработки на релација Македонија и Романија.

Без коментари

LEAVE A REPLY