Телоѕидание-фестивал посветен на физичката култура

0
415

Во рамките на годинешната програма на Бит Фест 2017 се
организира тридневниот фестивал посветен на физичката култура наречен
Телоѕидание.
Здружението на граѓани ШУНД за КИЧ, Битола или Школа за
уметност наука и демократија за културно издигнување на човекот, го
организира овој тридневен настан за промоција на физичката култура како
дел од културата преку нејзино враќање кон некогашните цивилизациски и
уметнички концепти и нејзино практикување како стил на живот.
На фестивалот преку интерактивни мултимедијални работилници се обработени физичкиот, психолошкиот и уметничкиот креативен аспект на
физичката култура или обликувањето на телото како уметничко дело.

Телоѕидание не е модел- тренд  што се следи туку крик т.е повик кон враќање на
базичните елементи на физичката култура  наспроти инстат третманите
кои ги нуди современиот конзументски брз начин на живот. Настанот започна во Магазата, денес се одржува Фитнес зоната на отворено во Градскиот
парк во 18ч и на 25-ти јули со почеток од 20ч, градење
заедничка уметничка инсталација на плоштадот Магнолија . Инсталацијата е
замислена како заедничко интерактивно дело во кое ќе учевствува и публиката и
случајните минувачи преку спојување на различни концепти фотографии и зборови
како градежен материјал во ѕидањето на
финалната контрукција.

Без коментари