Телоѕидание -повик кон враќање на базичните елементи од фиизчката култура

0
326

Во рамките на годинешната програма на Бит Фест 2017 се организираше тридневниот фестивал посветен на физичката култура наречен
Телоѕидание.
Здружението на граѓани ШУНД за КИЧ, Битола или Школа за
уметност наука и демократија за културно издигнување на човекот, го
организира овој тридневен настан за промоција на физичката култура како
дел од културата преку нејзино враќање кон некогашните цивилизациски и
уметнички концепти и нејзино практикување како стил на живот.
На фестивалот преку интерактивни мултимедијални работилници се обработени физичкиот, психолошкиот и уметничкиот креативен аспект на
физичката култура или обликувањето на телото како уметничко дело.

Материјалите кои што беа собрани од првиот и втoриот ден, фотографии, зборови, но и празни листови за нови „материјали” се собрани на една маса.
Еминентен уметник (вајар/ сликар)  воведно го објасни концептот на градење на едно креативно уметничко дело – идеја, замисла, проекција, макета, конструкција .
На крај, сите се фотографираа пред заедничкото дело ТЕЛОЅИДАНИЕ – Кула Вавилонска сочинета од лица, тела, моменти и зборови од сите три дена на фестивалот.
Телоѕидание не е модел- тренд  што се следи туку крик т.е повик кон враќање на
базичните елементи на физичката култура  наспроти инстат третманите
кои ги нуди современиот конзументски брз начин на живот. Настанот започна во Магазата, продолжи со Фитнес зоната на отворено во Градскиот
парк и се заокружи со градењето на
заедничка уметничка инсталација на плоштадот Магнолија . Инсталацијата беше
замислена како заедничко интерактивно дело во кое учествуваше и публиката и
случајните минувачи преку спојување на различни концепти фотографии и зборови
како градежен материјал во ѕидањето на
финалната контрукција.

 

Без коментари