Темелно ќе се чисти реката Црна

0
353

Најголеми проблеми за време на зимските поплави во Пелагонија ги предизвика реката Црна. За неколку дена започнува реализација на акциониот план на Владата каде се предвидени активности за темелно расчистување на коритото на Црна.

-Тоа предвидува 20 километри чистење на Црна Река од Прилеп до Битола, Владата донесе Акционен план за темелно чистење, а се однесува за превентивна заштита од наредната сезона, изјави Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделие.VANCO

Костадиновски рече дека со партнери до ЕУ и УНДП е договорено план и програма за санација на оштетените објекти и повторна изградба на оние кои се срушени.

-Тој план ќе се реализира на крајот на септември, предвидува целосна регулација, но и изработка на студија, во износ од 2 милиони евра, изјави Костадиновски.

Во меѓувреме ќе се реализира се она што е предвидено со акциониот план.

-Ќе се реализира со средства од Владата и од општините, во вредност од 1 милион евра, рече тој.

Костадиновски рече дека се очекува студијата од УНДП да биде готова на крајот на октомври.