Теми за Битола во Контра кадар

0
481

Месец октомври, дебатното кино Контра кадар, го посветуваат на Битола и со неколку гости обработуваат различни временски периоди на градот, од минатото, до денес. Прават симбиоза од различни историски периоди на градот и демистификација на одредени социјални, политички и културолошки митови, преку паралели со она што е Битола денес.

Дискусиите ги модерира историчарот Љупчо Стојановски.

Прв на репертоарот беше, филмот Рим на Фелини .

Гостин на проекцијата беше Стевче Тодоровски, историчар-археолог.

Денес Контра кадар, продолжува со проекцијата на филмот на Димче Миновски, после кој ќе се дискутира за златниот период на Битола, од 1830 – кога станува престолнина на европска Турција, па сè до балканските војни.

Гостин на проекцијата ќе биде Димче Миновски, авторот на филмот.