Температура до 40 степени најавуваат од УХРМ

0
705

Во наредните три дена продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст. Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува в среда кон четврток.

Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 6 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд, кога ќе има локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
А додека е жешко, Лекарите со препораки за како да се справиме со горештините.

Тие препорачуваат заштита од директно изложување на сонце, избегнувајќи излегување надвор од 11 до 17 часот, да се носи лесна облека, заштитни очила и капа, да се конзумира лесна храна и пијалоци, особено треба да обрне внимание на припремата и конзумирањето на храната, како и да се избегнуваат термички припремени производи, како на пример мајонез од домашните јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алохолните пијалоци.

Без коментари