Температурата расте, денеска сончево и потопло

0
525

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 31 до 36 степени, додека УВ-индексот е непроменет и ќе има вредност 9.

Во Битола денеска до 31 степени.

Следува период на претежно сончево и топло време, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Без коментари