Температурен шок за овошните насади

0
1284

Во очекување на пролетта денес се разбудивме во зима. Најверојатно овоштарите ќе бидат загрижени .Иако календарски сеуште сме во зима, претходните денови и високите темератури ја поттикнаа вегетацијата побрзо да расцути. Ова за овошките претставува температурен шок. Ако во наредните денови температурата падне под нулата постои можност од измрзнување на родните пупки, велат познавачите

– Доколку не би имале температура под нулата не би имало замрзнување на родните пупки. Но во секој случај ова променливо време негативно се одразува врз овошките, односно цутот, ќе има појава на малиозно гниење.Целокупните физиолошки функции се пореметуваат , можат да се појават различни болести, постои можност од пад на имунитетот на растението, и секако ваквите температури можат да доведат помала активност на пчелите што автоматски имате помал процент на опрашување. Но сепак најстрашно е мрзнење на пупката доколку има температури под нулата, изјави м-р Јане Алексоски дипломиран агроном Биспромет- Битола

За да се заштитат овошките треба превентивно да се делува со неколку методи и техники пред да настанат температурните шокови, вели Алексоски и додава дека во проценти не може да се каже колкаво ќе биде физиолошкото оштетување на пупките, бидејќи зависи и од местоположбата и температурата на овоштарникот

Според прогнозите на синооптичарите времето во Македонија во среда и четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и постудено со температури кои ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината. Утринските од -4 до 5 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 14 односно од 7 до 15 степени. Пораст на дневните температури како и повеќе сончеви периоди се очекуваат во петок и сабота, иако утринските се`уште ќе бидат ниски. Максимланите дневни ќе се движат од 9 до 18 степени. Со ваквата прогноза останува да се надеваме дека оваа пролет и лето ќе се радуваме на плодовите од локалните фармери.

Без коментари

LEAVE A REPLY