Тенисерката Квитова нападната со нож во својот дом во Чешка!

0
567

Познатата тенисерка Петра Квитова е нападната со нож во својот дом во чешкиот град Простјејов. „Тоа беше типичен криминален акт“, изјави портпаролката на тенисерката. Како што пишуваат чешките медиуми, тенисерката која два пати го освои Вимблдон, била нападната во својот дом и заработила повреда на левата рака, но повредата не е опасна по живот и нејзината состојба не е критична.

Други детали не се познати, а медиумите во Чешка не успеале да откријат повеќе информации од портпаролката на Квитова. Меѓутоа, набргу се огласи и самата тенисерка на „Твитер“. „Во обид да се одбранам се здобив со тешки повреди на левата рака. Потресена сум, но среќна сум што сум жива“, напиша Квитова.