Тенкови на улиците, гинат војници на двете страни

0
813

Ерменците и Азербејџанците повторно пукаат едни во други. Во Нагорно Карабах, непризнаена република, во доцните ноќни часови во саботата се слушале артилериски плотуни, престрелки со артилериско оружје и звици на тенкови. Од Баку и Ереван пристигнуваат противречни информации за загубите.

Ерменците од Нагорно Карабах тврдат дека урнале еден азербејџански хеликоптер и беспилотно летало и дека уништиле два тенка, додека Баку тоа го негира. Денес беше потврдено дека од гранатирање на азербејџанската артилерија загинале две ерменски деца, а еден човек е ранет. Ереван тврди дека азербејџанската војска користи повеќецевни фрлачи „град“, а двете страни тврдат дека другата има големи загуби.

Ереван јави дека загинале 18 а се ранети 35 ерменски војници,, додека Баку потврди дека загинале 12 нивни борци.

www.mkd.mk