Тенковите пукаат кај турскиот парламент

0
485

Истрели се слушаат околу претседателската палата на Ердоган во Анкара, а хеликопери пукаат врз неа, јави турската агенција Анадолија. Претходно, силна експлозија се слушна пред генералштабот на војската во Анкара, како и во центарот на градот.

Ердоган, кој е на одмор во Мармарис, претходно се обрати на јавноста преку вебкам, изјави дека тој се уште ја држи под контрола власта и дека водачите на пучот ќе бидат најстрого казнети. Тој рече дека пучистите се паралелна структура, а се верува дека тоа се однесува на следбениците на Фетула Ѓулен, исламскиот свештеник кој живе во САД, а кого Ердоган го обвинуваше во минатото за обиди за пуч.

Извор од ЕУ вели дека станува збор за релативно добро оркестриран пуч, во кој учествува голем дел од војската, а не само неколку полковници, и дека тие имаат контрола врз неколку стратешки точки во Истанбул и теко дека ќе се повлечат.

Повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган го послушаа голем број на луѓе, кои се веќе на улиците низ Истанбул и Анкара, спротивставувајќи се на воениот удар што започна вечерва.

Тенкови отворија оган околу турскиот парламент, а жестоки борби се водат и кај претседателската зграда во Анкара. Војската ги нападна сите полициски станици и ја превзеде контролата. Не се потврдени инорамциите за убиство на 25 полициски припадници .