Тензично кај Идомени

0
556

Бегалците на Идомени ја ослободија железничката пруга која беше блокирана со шатори повеќе од еден месец. Самостојно бегалците ги тргнаа шаторите и се преместија паралелно со шините и на други места низ нивите во импровизираниот камп на Идомени.

За сега пругата е слободна, без најави за нови блокади. Едномесечната бегалска блокада на пругата предизвика голема финансиска главоболка за грчките извозници и транспортери кои јавија за милионска штета од неможноста да се праќаат стоки и производи преку товарните возови на линијата Солун-Скопје кон Европа.

На Идомени и натаму има над 10.000 бегалци.

Статусот кво кој владее околу бегалската криза создава голема нетрпеливост меѓу бегалците, состојба која предизвика сериозни инциденти вчера во бегалскиот центар Морија на Лезбос во кои беше нападнат и министерот за миграција Јанис Музалас. Во центарот дојде до судир меѓу мигрантите и полицијата и со часови владееше хаос и немири кои завршија со десетина повредени.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY