Тензично кај Идомени

0
381

Над 1000 бегалци од кампот Идомени на грчка теротија рано утринава во стампедо тргнале кон грчките полицајци, и фрлајќи со тврди предмети кон полициските блокади се обиделе да ја откорнат оградата што ги дели од влез на македонска теротирија, јавува телевизијата Алфа.

Неофицијално, заштитната ограда била скината на еден дел и група од десетина бегалци влегла на македонска териоторија, но припадници на македонското МВР успеале да ги запрат.

Неофицијално, првата група од илјадници бегалци била разбиена со солзавец, но се засилуваат мерките, бидејќи, наводно, од грчка страна не биле преземени соодветни мерки за задржување на толпата мигранти.