Тензично на јужната граница

0
271

Не запира притисокот од наплив на нови мигранти. И вечерва на граничниот премин со Грција е тензично.

Дел од медиумите јавуваат дека голема група мигранти го напуштија меѓуграничниот простор и се префрлија на македонска територија.

656701_makedonija4-2-foto-tanjuf-ap_ff

Според информациите од теренот и сведоштва на дел од мигрантите, меѓузоната со Грција веќе била испразнета.

Од МВР  велат дека вонредната состојба се уште е на сила и македонските власти контролирано ги пропуштаат мигрантите, согласно нашите капацитети.

begalci-novi3

Вечерва со вонреден воз, беше пренесена уште една група од околу 400 мигранти кон северната граница.

Дел од мигрантите во попладневните вечерните часови се упатија кон северната граница со такси – возила и со автобуси.

На железничката станица во Гевгелија е како во кошница. Стотици мигранти го преплавуваат перонот и шините чекајќи да влезат во возот за Табановце.

 

Нема да има место за сите, бидејќи нивниот број од час во час се зголемува, откако попладнето повторно ескалираше во меѓуграничната зона од каде група на мигранти се обидела насилно да ги пробие бариерите и да влезе во Македонија.begalci-novi1

 

Било интервенирано со димни бомби, а полицијата и војската се обиделе состојбата да ја вратат под контрола. Токму по овој настан забележително беше дека се зголемува напливот на бегалци од јужната граница.

begalci-novi6

Во меѓувреме, полициските службеници помогнати од АРМ повторно воспоставија контрола.

На терен се и невладините организации кои им даваат хуманитарни пакети и прва помош.

Дел од мигрантите сведочеа дека се соочуваат со проблеми.

timthumb (26)

Иако надлежните најавија дека покрај железничката станица во Гевгелија ќе биде отворен дневен центар за бегалци, од него се уште нема ништо. Градските власти уверуваат дека центарот ќе биде пуштен за многу кратко време.

фото: фактор.мк