Тензии во Бања Лука

0
489

Поддржувачите на опозицијата предводени од Српската демократска партија (СДС) се собраа во градскиот парк, додека оние што ја поддржуваат власта предводена од контроверзниот Милорад Додик на централниот градски плоштад.

Министерот за внатрешни работи на Република Српска изјави дека само до 11 часот во Бања Лука пристигнале над 300 автобуси кои ги превезувале учесниците на двата собири. Тој потврди дека на границата бил спречен влезот на околу 150 лица од Србија кои сакале да заминат кон Бања Лука за да учествуваат на митинзите.

„Нашата проценка е дека тука имаше над 30 илјади луѓе“, изјави Лукач истакнувајќи дека полицијата решила да ги забрани планираните прошетки на двете групи низ центарот на градот за да се спречи насилството меѓу политичките неистомисленици.

„Инатотот на власта доведе до многу лошиот амбиент кој сигурно нема да биде подобар по денешниот ден“, изјави членот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ, кој истакна дека опозицијата се бори за правото на демократско изразување на мислењето и нема од тоа да се откаже.