Тепачка меѓу бегалци и запален воз

0
464

На железничката станица во Идомени утрово се степале две групи бегалци, Курди и Авганистанци. По тепачката запален бил запален вагон.

Станува збор за композиција која грчката железница им го дала на бегалците да го користат за да преноќат.
Според првичните информации, голема група бегалци го каменувала возот во кој преспиваат и живеат цели семејства. Засега не се знае колку лица се повредени.
По брзата интервенција на грчката полиција, состојбата била ставена под контрола.

Без коментари

LEAVE A REPLY