Тепачка помеѓу бегалците во грчкото пристаниште Пиреа

0
273

Грчкото пристаниште Пиреа се претвори во бојно поле доцна синоќа порди тепачка меѓу бегалци од Сирија и Авганистан. Инцидентот кој се разви во масовна тепачка со тупаници и камења меѓу 500 бегалци заврши со осум повредени, од кои четворица беа префрлени во локалната болница, материјална штета, искршени прозорци на чекалните и автомобилите околу пристаништето. Судирите траеjа речиси два часа, а полицијата нема приведено ниту еден од бегалците инволвирани во настанот.

Во моментов ситуацијата е мирна, меѓутоа постои вознемиреност по дојава за бомба во еден од траектите поставен токму во делот каде се бегалците. Полицијата врши истрага на бродот.

Според информациите, инцидентот почнал кога бегалец од Авганистан почнал да малтретира жена од Сирија. Група Сиријци изреагирале и почнале да се расправаат со него. Расправијата ескалирала во физички напад, меѓусебно удирање со парчиња камења од пристаништето.