Тепачка во ноќен клуб во Ресен

0
604

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Н.Г. (33) од Ресен и Ц.К. (24) од с.Волкодери, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Г.Ц. (29) од с. Езерани, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 22.07.2017 година околу 03.00 часот  во ноќен клуб во Ресен, по вербална расправија помеѓу К.А. и  И.А. од една страна и Т.К. од с.Јанковец и Д.Г. од Ресен, од друга страна, Н.Г. и Ц.К. физички го нападнале К.А., по што тој паднал на подот. Потоа, Г.Ц. со удар со тупаница го удрил по главата. Во нападот К.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Без коментари