Тепачка во украинскиот Парламент

0
465

Тепачка во Парламентот ја прекина седницата во украинскиот Парламент.

Инцидентот се случил откако еден од пратенизицте на Опозицискиот блок на Александар Вилкула почнал да зборува на руски јазик.

Пратеникот на Народниот фронт Јуриј Томошенко толку с еналутил поради тоа што прво почнал да турка од говорницата, по што пришле уште неколкумина пратеници и се обиделе да ги раздвојат.

Претседателката на Парламентот подоцна изјавила дека и самата била изненадена од инцидентот , бидејќи расправата била под точка „разно“ кога вообичаено нема тензии. Во тој момент во салата немало ниту камери.