„Тепачка„ за билети во Грузија за Суперкупот на Европа

0
214

gruzija bileti

Три лица беа примени во болница а десетици други се повредени како последица на немирите по пуштањето во продажба на билетите за претстојниот натпревар за Суперкупот на Европа меѓу Барселона и Севиља, кој ќе се одигра на 11 август во Тбилиси. Огромна толпа од навивачи во грузиската престолнина упаднаа на касите за да обезбедат со влезници за дуелот меѓу шампионот на Европа и освојувачот на Лига Европа во претходната сезона. Големите мешаници доведоа до судири меѓу навивачите и полицијата, која беше принудена да користи сила за да го врати редот. Информации за состојбата на прифатените во болницата не беа објавени од страна на властите во земјата. Околу 22 000 билети за средбата се обезбедени за Грузиската фудбалска федерација. Дел од нив мораа да бидат пуштени во продажба на интернет но, тоа го спречија хакерите.

Без коментари

LEAVE A REPLY