Тепачки и протести во Чикаго, Трамп го откажа митингот

0
589

Доналд Трамп го откажа митингот во Чикаго, кога илјадници  луѓе се поделија на два табори, поддржувачи и противници на неговата кандидатура.

Митингот е одложен од безбедносни причини, пишуваат американските медиуми.

Во соопштението од американскиот бизнисмен Трамп, кое беше пуштено подоцна, беше наведено дека митингот ќе се одржи друг ден, но без да се прецизира кога.

Луѓето се тепаа, кинеа плакати, по што мораше да реагира полицијата.

Републиканските противници  велат дека за насилството е виновна реториката на Трамп.

Тој предизвика остри критики со изјавите за градење на заштитна ограда кон Мексико и воведување на привремена забрана за влез на муслиманите во САД.

Трамп има значителна предност пред тројцата републикански противкандидати за номинацијата за Белата куќа и се очекува да ја зацврсти својата позиција во вторник, кога избирачите излегуваат на предизборите во три сојузни држави.