Тера на Дупени Бич

0
4415

На брегот на Преспанското езеро се наоѓа и плажата во Долно Дупени позната како “Dupeni Beach”. Од година во година се зголемува бројот на туристи кои престојуваат во Преспа. Пониските цени, прекрасните плажи и опуштената атмосфера се причина за тоа. Велат дека најдолгата песочна плажа во Македонија е Дупени Бич.

На плажата на Долно Дупени го сретнавме и фолк пејачот Нино Величковски.

– Плажата ми се допаѓа бидејќи пред 30 тина години , првите мои дружења со другарите беа во Крани , таму имавме преку фирма и приколки , тоа беше вистинско другарување во тие убавини денови, не сум носталгичар но секогаш треба да се враќаме кон минатото за да ни биде поубава иднината , рече тој.

Инаку локалните жители на туристите им нудат прошетка со кајче до островот Голем Град. Бошко Димовски е прв концесионер на оваа плажа. Откако го започна бизнисот во тоа време било многу добро, но сега овој бизнис стана еднодневен бидејќи како проблем го посочи тоа што оваа плажа не нуди сместувачки капацитет.

– Јас сум 17 години на овие простори, но како што доаѓа бизнисот паѓа , не е се само до парата кај луѓето , туку сместувачкиот капацитет кој нашата Преспа го нема. Во селото имаме неколку луѓе кои издаваат соба и тоа е ништо. Прво треба државата да стави една капа и да каже што сака таа, а нас да ни определи простор да ни дадат концесии за тие простории и да ни го прдадат местото да можиме и ние да инвестираме со сигурност дека тоа наше ќе биди , а не менувајќи се партиите да се менуваат и газдите, изјави Бошко Димовски , Дупени Бич

Како предности Димовски ги посочи бесплатниот паркинг , бесплатната сенка и ефтините понуди од ресторанот.

– 80 денари е еден сендвич, каде и да го јадите на друго место поскапо ќе го платите, но не е до цените, до луѓето е, до парата во џебот, изјави Бошко Димовски Дупени Бич

Гледајќи ги македонските спотови кои што се снимени на оваа плажа за многумина е вистинска причина поради која луѓето се одлучуваат да го посетат селото. Жителите ја нарекуваат и „плажа на вљубените“ бидејќи е опремена со сламени чадори, дрвени маси и столчиња и терен за одбојка, а од кафулето може да се гледа прекрасното зајдисонце.

 

Без коментари