Тера на плажата „2 Proper and more“ во Претор

0
2842

Туристичката сезона на Преспанското езеро почна. Според обиколката на плажите може да се заклучи дека оваа година Преспа е исто така привлечна за туристите како ланската година.

Во Претор бевме на плажата „2 Proper and more“.
Уште од рано претпладне имаше гости, а веќе во 12 часот се бараше место повеќе. Посетителите со кои разговаравме велат дека се врќа сјајот на Преспа и дека убаво е средена.

Бекири со својот бизнис почнал пред 12 години и вели дека е среќен и радосен што од година во година туризмот станува се подобар во Преспанскиот крај.


Имало скептици кога почнувал во 2025 година, но тоа не го поколебало да инвестира во оваа плажа заедно со угостителскиот објект, но сместувачките капацитети се проблем за оние кои сакаат да останат неколку денови односно да имаат каде да преноќеваат.

Цените не ги промениле од годините наназад.

Освен плажата, ресторанот со летната тераса ви ги нуди сите видови на храна и пијалоци, а има и содржини за рекреација.