Тера на плажата Цоца во Сливница

0
4255

На Преспанскиот брег повеќе од една деценија работи и оваа плажа.  Камп Цоца, Словница е натписот кој ќе ве пречека на влез на оваа плажа.

Во неделата овде барем според бројот на автомобили на паркинг просторот вриеше како во кошница.

Туристи од блиските градови дојдоа да се борат против жештината и да се релаксираа на брегот на Преспанското езеро.

Се сретнавме со газдарицата, се вика Сотирка односно нејзиниот прекар е Цоца по што и ја препознаваат. Своевремено имала бутици низ Скопје па решила по тој познат прекар да ја именува и оваа плажа.

Пред 15 години се вратила од Германија и тоа што го заработила таму го инвестирала во Сливница. Цели 12 години ја управува оваа плажа, а годинава по 13 пат ги отвори портите за туристите.
Вели дека цените се евтини и прифатливи за сите.


И таа нема сместувачки капацитет, каде што би можеле туристите да преноќеваат.

На оваа плажа вели Цоца можете природно да одмарате под дрво, под преспанските сенки. Нема услов дека за да се влези на плажата, треба задолжително да се земе лежалка и чадор.

Без коментари