Тера на пресот на Атлетико Мадрид во Милано

0
967

Утре во Милано се игра финалето на фудбалската лига на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Во очи финалето двајцата тренери Зидан и Симеоне зборуваа на официјалната прес-конференција, а со аргентинецот разговараше колегата Зоран Мишевски.

27.05.Still009

„ Господине Симеоне комплименти што стигнавте тука до финалето. Во минатото вашата екипа се чувствуваше многу комотно кога игра против големите екипи и посебно против екипи кои напаѓаат. Тоа не значи дека Атлетико секогаш се брани, бидејќи знае да возвраќа, знае да игра пресинг. Но, многу проблеми му нанесоа таканаречените мали екипи, како ПСВ Ајндховен оваа година, Баер Леверкузен минатата година. Имате ли идеа зошто е тоа така, зошто Атлетико има проблеми со овие екипи, а чувствува комотно против најдобрите, веројатно ќе се чувствува комотно и утре против Реал Мадрид?„

27.05.Still010

„ Секоја екипа има свои карактеристики на игра, карактеристики на фудбалерите. Некогаш играш еден, а друг пат друг стил на игра. Секако дека кога играш со екипи со карактеристики како Барселона и Баерн Минхен, мора да знаеш дека тие се чувствуваат многу добро со топка и ние мора да бидеме поинтелегентни и повеќе екипа. Посебно во движењата без топка“.

Видеото од прес конференцијата во Спорт рапорт 20:40 и Актуел 20:55.