Тера на Ултра Европа во Сплит

0
740

Петтото јубилејно издание на музичкиот фестивал Ултра Европа, се одржува во Сплит од 14 ти до 16 ти јули на стадионот Полјуд. Нашата новинарка Неда Маретиќ преку фотографии Ви ја пренесува атмосферата, а повеќе за овој настан ќе гледате во Ритамот на градот. Овој фестивал е единствен кој се нарекува и Europe’s Premier Destination Music Festival бидејќи покрај врвните диџеи го става акцентот на Сплит, Далмација и убавините на хрватското приморје. За добрата музика оваа година се погрижија Тиесто, Фед ле Гранд,Карл Кокс, Аксвел Ингрозо, Дејвид Гета, Армин Ван Бурен, Стив Аоки, на третата вечер ќе настапат Мартин Гарикс, Хардвел, Ники Ромеро и други. Ултра го посетуваат луѓе од сите континенти, па така на втората вечер присуствуваа над 9000 луѓе љубители ма електронскиот звук. Овој фестивал е карактеристичен по тоа што гостите односно публиката на стадион ги носат знамињата од своите држави, забавата трае до раните утрински часови, а беше забележано и македонското знаме.