Тера во музејот на Дражен Петровиќ

0
213

Деновиве Хрватска и Загреб се комплетно посветени на кошарката и на Евробаскет. Во главниот хрватски град присутни се навивачи од сите 5 земји кои учествуваат во Ц групата на континенталниот собир. Скоро да нема навивач, љубител на коашркарата кој слободното време меѓу натпревари не го искористи да го посети Музејот Дражен Петровиќ во чест на легендарниот кошаркар на Шибенка, Цибона, Реал Мадрид, Портланд Трејлблејзерс и Њу Џерси Нетс. Хрватскиот репрезентативец од чија што смрт минаа 20 години и натаму е синоним за кралицата на игрите, идол на многу млади луѓе. Во музејот во Загреб нашата екипа ја пречека мајката на Дражен и Александар Петровиќ, Бисерка и објасни како секојдневно луѓе од целиот свет доаѓаат пред споменикот на Дражен и во неговиот музеј. Американската компанија за кошаркарски топки „Вилсон„ изработи 1000 топки со ликот на Дражен и ги прати како подарок во музејот, точно на еден век од постоењето на компанијата. Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, онака како што вети така и направи. Го испрати неговиот дрес во музејот на Дражен Петровиќ во Загреб, а истиот денеска стигна до точната локација.

11992295_10207606231102996_281240712_n

11994324_10207606234663085_125530500_n

11998746_10207606237543157_436028798_n

11992090_10207606239303201_2049652589_n

11992614_10207606240623234_1010640860_n

11994284_10207606242623284_196929078_n

11992228_10207606246583383_1941983562_n

11996989_10207606246943392_1247146157_n

11992130_10207606247103396_899322228_n

11880221_10207606248063420_1438115499_n

11995408_10207606274664085_1488278253_n

11994234_10207606275904116_440346144_n