Теренската проверка тече нормално, ќе заврши на 3 април

0
345

Првиот ден од теренската проверка на спорни гласачи помина без проблеми и се очекува проверката Државната изборна комисија да ја заврши до 3 април.

Дополнително се ангажирани нови 114 анкетари, со што вкупно 488 анкетари ќе го завршат процесот на терен.

„Нема проблеми, граѓаните соработуваат, а освен ситни технички проблеми, од типот да снема бензин во возило на терен или слично, крупни ситуации не се регистрирани. Постојано сме во комуникација со тимовите и засега ова се информациите“ – велат од ДИK.

Домовите на спорните гласачи ќе ги посетуваат секој ден во период од 8.30 до 19.30 часот. Анкетарот треба да зборува лично со гласачот чии податоци треба да се проверат, а ако тоа лице не е присутно, тогаш треба да се направи разговор со присутен член од семејството. Ако во станот или куќата нема никој или лицето не е во состојба да даде податоци, тогаш анкетарот треба да се врати друг ден кај истиот гласач. Ако и тогаш нема никој тогаш се доставува известување и тоа лице ќе треба во рок 3 дена да се пријави во подрачната единица на ДИК.

Прашалниците на анкетарите ќе ги проверат 80 контролори.

Без коментари

LEAVE A REPLY