Теренските проверки се во завршна фаза

0
219

Теренските проверки на избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената динамика и се во завршна фаза, информираат од Државната изборна комисија.

ДИК е фокусирана на внесувањето и обработката на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори, сите податоци да бидат навреме внесени и соодветно обработени, велат од комисијата.

Невистинити се информациите во дел од медиумите за наводно намерно кочење на процесот на теренските проверки.

Сите членови на Државната изборна комисија и на нејзината стручна служба се целосно посветени, теренските проверки навремено да бидат завршени, стои во дописот до медиумите.