Теренско возило за Здравствениот дом од Битола

0
460

Во најскоро време Здравствениот дом од Битола ќе биде збогатен со уште едно теренско возило. Денеска се потпиша договор а донацијата на ова возило е гранд од  Словачката Амбасада

-Се работи за проект кој што успешно го имплементиравме во соработка со Здравствениот дом во Скопје, тоа беше во август годинава, и охрабрени од успехот почнавме да размислуваме и за другите региони во Македонија. На природен начин падна изборот на Битола како важен центар на Македонија. Тука постои потреба да и се помогне на оваа служба, и ние ќе се потрудиме целиот проект да заврши напролет идната година, изјави Мартин Безак, амбасадор на Р.Словачка во Р.Македонија

-Тоа возило ќе ни го збогати нашиот фонд на возила за Итната медицинска помош со кое ќе можеме  и во иднина да пружиме благовремени, стручни и организирани здравствени постапки кај пациентите, изјави д-р Благој Радевски, директор на Здравствен дом -Битола

-Голема благодарност до Словачката Амбасада што ете ни донираа едно возило со најдобри стандарди, изјави д-р Илија Чаловски, началник на Службата за итна помош во Битола

Моментално Здравствениот дом во Битола располага со 6 возила, од кои во сообраќај се трите нови возила кои што ги добија преку Министерство за здравство.