Тереза Меј, британски премиер на 13 јули

0
250

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј се очекува на 13 јули да стане премиер откако нејзиниот последен ривал во Конзервативната партија, пратеничката Андреа Лидсом се откажа од трката. 59 годишната Меј ќе го замени премиерот во заминување Дејвид Камерон кој најави дека на 13 септември ќе и поднесе оставка на кралицата Елизабета. Камерон заминува од функцијата откако британците на референдумот на 23 јуни гласаа за напуштање на Британија од Европската унија.